Поликлиника Манолеви

-Педијатрија-

Ординацијата по педијатрија во ПЗУ Поликлиника Манолеви е еден од најзначајните сегменти во склоп на Поликлиниката и е посветена на грижа за здравјето на најмалите пациенти.

Ординацијата е предводена од М-р Д-р Елена Манолева Николовска, специјалист педијатар и магистер на медицински науки од областа на педијатрија. Ординацијата е наменета за прегледи и лекување на најмалите пациенти,  како и за советување на родителите за сите проблеми и прашања кои ги имаат за своите најмили во тек на психофизичкиот раст и развој на децата од самото раѓање до 16 години.

Во ординацијата по педијатрија се изведуваат превентивни и контролни прегледи на новородени, доенчиња, претшколски и школски деца како и следење на психомоторниот развој на здрави деца.

  • прегледи и водење на новороденчиња и следење на вакцинален статус по календар за имунизација
  • превентивни преглед и третман на деца со зголемен ризик за рахитис
  • превентивни прегледи кај деца со зголемен ризик за обезитас и дијабетес
  • консултации за правилна исхрана кај деца од раѓање, во тек на доенечки период, претшколска, школска возраст и адолесценција
  • превентивни прегледи за деформитети кај деца во претшколска и школска возраст
  • дијагностика и третман на деца со акутни и хронични горнореспираторни инфекции (ринитис, ларингитис, ангина, отитис)
  • дијагностика и следење на деца со алергиски болести (алергичен ринит, ларингит,егзем, дерматит)
  • следење на деца со хронични опструктивни бронхити и астма.