Поликлиника Манолеви

ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – Ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија.

Фамилијарната посветеност за висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни императиви во работењето на Поликлиника Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Александар Манолев и д-р Елена Манолева-Николовска.

Во изминатата декада, Поликлиника Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса, специјалистичка ординација по интерна медицина и специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство, кои заедно со надополнетата услуга со домашната посета (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.