Поликлиника Манолеви

  • Биохемиската лабораторија ”Манолеви” располага со најсовремена апаратура и дијагностички тестови кои овозможуваат брза и прецизна дијагностика. Со оглед на фактот дека лабораторијата е во склоп на Поликлиничкиот центар, сите итни случаи добиваат брзи лабораториски наоди кои понатаму овозможуваат брза дијагноза и третман. Ваквата услуга посебно доаѓа до израз во Ординацијата по педијатрија.
  • Од 2007 година лабораторијата има склучено договор со Фондот за Здравствено осигурување, со што поголемиот дел од лабораториските анализи се наплатуваат со партиципација. Ваквата услуга е достапна за сите пациенти, како матични така и нематични пациенти.
  • Покрај амбулантската услуга, лабораториските анализи се достапни и за оние пациенти кои имаат потреба од земање на крв за анализи во домашни услови, посебно кај старите и неподвижни лица, пациентите со прележан мозочен удар, срцеви болни, лица со потребни лабораториски анализи после оперативни третмани и останати. Ваквата услуга е достапна преку домашна посета и земање крв во домашни услови.
  • Лабораторијата овозможува анализа на хормони, туморски маркери и микробиолошки испитувања (брис од нос и грло, уринокултура, брис од очи, спермокултура). 

Услуги со сини картони