-Интерна медицина-
Кабинетот по интерна медицина ПЗУ ,,Д-р Александар Манолев“ во склоп на Поликлиничкиот центар “Манолеви“, претставува високософистициран сегмент од интерната медицина со фокус на рана дијагностика и превенција на кардиоваскуларни и метаболни заболувања. Дијагностичкиот пристап преку неинвазивните модерни методи, во прв план црнодробната проценка преку 2DSW еластографија, доплерската дијагностика на венските заболувања и артериската проблематика (почетна и напредната артериосклероза), овозможува рана и навремена проценка на болестите – носители во 21 век: замастениот црн дроб, венската тромбемболија, артериската хипертензија, артериосклерозата, стеснатите крвни садови, покачените маснотии и дијабетесот.
Фокусот на раното препознавање на болестите е насочен кон младата популација, каде животниот стил со брза динамика наметнува и можност за појава на некое од васкуларните или метаболни заболувања. Генетската предиспозиција и генетскиот скрининг претставуваат предизвик повеќе, каде правилниот дијагностички пристап ќе овозможи навремена промена во животниот стил со рана превенција на васкуларните и метаболни заболувања.
Присуството на болестите, нивниот третман и пратење претставуваат значаен сегмент во секојдевната работа каде мултидисциплинарниот дијагностички и индивидуализиран терапевтски пристап према секој пациент овозможува максимален бенефит во третманот и превенција од повторување на болестите или нивна појава.