Поликлиника Манолеви

Ординација по гинекологија и акушерство

Д-р Ивана Наков

Почитувани девојки, жени, трудници и мајки,

Овој блог е наменет за сите вас, да ве едуцира, заеднички да решиме одредени дилеми.

Ординацијата по гинекологија и акушерство при Поликлиника Манолеви е најнов сегмент, постоиме релативно кратко време, меѓутоа одлично го надополнивме посакуваниот концепт на грижа и заштита на целокупното семејно здравје.

Во периодот што следи ќе имате можност да се запознаете и да прочитате за содржини наменети за различни целни групи. Најпрво, да ги едуцираме младите девојки за важноста од грижата за своето репрудуктивно здравје со самиот почеток на сексуалната активност. Важноста на превентивните прегледи за намалување на инциденцата на малигните заболувања, како и инфекциите на генитален тракт. Кои се последиците од овие заболвања? Ќе зборуваме за заштита од несакана бременост и користењето на контрацепција. Ќе зборуваме за нормалниот менструален циклус и при кои состојби треба да се побара помош и совет.

Ќе бидат опфатени и темите кои ги засегаат жените во средна возраст, крварењата, нерегуларностите на менструалниот циклус, перименопаузата и пропратните симптоми кои ги носи.

За трудниците, како посебна категорија , ќе се осврнеме на некои прашања и теми кои се важни за нив, сé со цел текот на бременоста да биде попријатен и сите компликации да се сведат на минимум. Да се информираат за можностите на сите испитувања кои се прават во тек на бременоста, зошто се тие важни, зошто се прават и што значат.

Ќе отвориме и теми за еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат младите брачни парови, а тоа е инфертилитетот, абортусите во прв триместар и асистираната репродукција.

Секако, отворени сме за Вашите сугестии и идеи се со цел да ви излеземе во пресрет, да се насочиме кон превенција, рано откривање и навремено спречување на најголем дел од болестите.

Со почит,

Д-р Ивана Наков спец. гинеколог-акушеp.