-Гинекологија-
Ординацијата по гинекологија и акушерство во склоп на Поликлиничкиот центар Манолеви во основа на своите цели ја има промоцијата и унапредувањето на женското репродуктивно здравје. Потребата од зголемувањето на свеста за значајноста на дисциплината во гинеколошките прегледи кај жените во репродуктивен период, следењето на акушерските пациентки и превентивните прегледи кај останатата женска популација се примарен чекор во раното детектирање и успешниот третман на болестите на гениталните органи. Почнувајќи од најрана возраст, детектирање и следење на хормонални и метаболни промени, преку основни цитолошки испитувања, ХПВ типизација и колпоскопија како дел од методите за иследување и превенција на преканцерози и заболувања на грло на матка, фоликулометрија, гинеколошки ултразвук, преку преконцепциски советувања, следење на бременост, советување во тек на бременост, кардиотокографија, па се до грижата во периодот на постменопаузата и сениумот.
Достапноста, доверливоста и стручноста на тимот, вклучително и најсовремената медицинска опрема, веруваме дека ќе придонесат да се подигне квалитетот и нивото на здравствената заштита, а пред се ќе придонесат да нашите пациенти се задоволни и успешно третирани.