- Биохемиската лабораторија ”Манолеви” располага со најсовремена апаратура и дијагностички тестови кои овозможуваат брза и прецизна дијагностика. Со оглед на фактот дека лабораторијата е во склоп на Поликлиничкиот центар, сите итни случаи добиваат брзи лабораториски наоди кои понатаму овозможуваат брза дијагноза и третман. Ваквата услуга посебно доаѓа до израз во Ординацијата по педијатрија.
- Од 2007 година лабораторијата има склучено договор со Фондот за Здравствено осигурување, со што поголемиот дел од лабораториските анализи се наплатуваат со партиципација. Ваквата услуга е достапна за сите пациенти, како матични така и нематични пациенти.
- Покрај амбулантската услуга, лабораториските анализи се достапни и за оние пациенти кои имаат потреба од земање на крв за анализи во домашни услови, посебно кај старите и неподвижни лица, пациентите со прележан мозочен удар, срцеви болни, лица со потребни лабораториски анализи после оперативни третмани и останати. Ваквата услуга е достапна преку домашна посета и земање крв во домашни услови.
- Лабораторијата овозможува анализа на хормони, туморски маркери и микробиолошки испитувања (брис од нос и грло, уринокултура, брис од очи, спермокултура).
Услуги со сини картони
- СЕ
- Крвна слика
- Гликемија
- Вкупен холестерол
- Триглицериди
- Уреа
- Креатин
- АСАТ
- АЛАТ
- Серумско железо
- Анализа на урина преку стикс за 14 параметри
- Седимент на урина
- Калциум
- Фосфор