-Општа медицина-
- Матичната служба во Манолеви вклучува две ординации по општа медицина кои овозможуваат брза и квалитетна услуга во две смени. Добрата софтверска (компјутерска) опременост, стручната подготовка и екипираност на медицинскиот персонал, овозможуваат брза услуга за прегледи, упатување и издавање на рецепти.
- Предноста во добрата екипираност и стручност овозможува секој пациeнт да добие брза и квалитетна услуга во текот на целиот ден, без разлика дали е на смена неговиот матичен лекар или неговата замена. Ваквата услуга посебно излегува во пресрет на болните деца и постарите лица.
- Во склоп на Поликлиниката е вклучена и ”Дневна Болница” која подразбира апликација на сите видови инфузии, апликација на сите видови инекциона терапија и третман на ургентни состојби.