Преваленцата на ИУТ е многу поголема кај женскиот пол заради женската анатомија, односно кратката уретра која е блиски до ректумот, од каде најчесто доаѓаат бактериите кои го колонизираат уринарниот тракт. Фаворизирачки фактори за инфекција се бременост и менопауза, сексуални односи, уролитијаза, дијабетес, злоупотреба на аналгетици, поставување на катерер и ендоскопски процедури, везико-уретралниот рефлукс кај децата и бенигна хиперплазија на простатата кај мажите над 50 годинична возраст. Најчест бактериски причинител е Escherichia Coli, а поретко Proteus sp., Klebsiella sp. и ентерококите.