Слаби и кршливи коски водат до ризик за настанување на фрактури. Раното откривање со DXA-a скен овозможува навремена превенција од фрактури.
Остеопорозата не претставува само “ронење“ т.е. разградување на коската кое настанува со менопаузата. Голем број на ризик фактори допринесуваат до забрзано разградување, независно од менопаузата и полот.
Возраста и полот се неменливи (не-модифицирачки) фактори. Кај женскиот пол со појавата на менопаузата се зголемува ризикот за развој на остеопороза. Кај обата пола со стареењето се зголемува ризикот за појава на остеопороза.
Наследните фактори се слично, не-модифицирачки фактори. Ниско енергетска фрактура односно скршеница на колкот при пад од висина на телото, кај еден од родителите, го зголемува ризикот за настанување на скршеница.
Фактори на кои потешко се делува се одредени терапии кои мораат да бидат спроведени како би се лекувале други болести. Хемотерапијата и третманот со кортикостероиди го забрзуваат раградувањето на коската. Лицата кои земаат во континуитет кортикостероиди во доза од 5 мг дневно, повеќе од 3 месеци имаат значително разградување на коската и треба да бидат контролирани почесто поради појава од остеопороза.
Факторите на кои можеме да влијаме се пушењето, зголемениот внес на алкохол, намалената физичка активност и начинот на исхрана. Прекинот на пушење со намалување на внес на алкохол во граници на дозволеното (доколку има простор за тоа) доведуваат до намалено коскено разградување. Надополнето со зголемена физичка активност и правилна исхрана се зголемува коскената цврстина и со тоа се намалува ризикот за намалување на скршеница.
Состојби и болести на кои може да се влијае како би се превенирало забрзано разградување на коската се дијабетесот, хроничната бубрежна слабост, компензирано замастениот црн дроб и хипепаратироидизмот. Сите овие состојби доколку не се контролираат го забрзуваат разградувањето на коската.
Ние во Поликлиника Манолеви, во Центарот за остеопороза, дијабетес и метаболни состојби не само што ја дијагностицираме остеопорозазата туку и ги разликуваме причините кои одведуваат до нејзина појава и воедно ги разликуваме и третираме болестите кои допринесуваат за нејзина појава. Тоа е она што не прави различни од останатите, со нашата сеопфатност да се лекуваат и другите состојби кои ја пратат остеопорозата.