manolevi

Кабинет по интерна медицина

Д-р Александар Манолев

Почитувани и драги пациенти, пријатели и граѓани,

Интернистичкиот блог во склоп на останатите специјалистички артикулации при Поликлиника Манолеви ќе има за цел да го подигне знаењето за голем број на заболувања,  од кои најголем дел се често присутни и одговорни за високата стапка на болести кај граѓаните.

Интернистичката работа има јубилејна 10 годишнина во склоп на Поликлиника Манолеви, но нејзината работа не започнува пред години туку многу порано, некаде во 2003-та година кога го купив мојот прв ултразвучен апарат. Токму таквата определба за воведување на имиџинг (сликовита) дијагностика во рамките на општата ординација, ми дадоа основа, поттик, но и насока кон која се уште се движам. Можноста да се направи добра и правилна дијагностичка проценка со понатамошен правилен третман и следење на болеста, ја потврдија ваквата определба за развој  на ултразвучната дијагностика во интернистичката работа, на која исклучително се потпираме секој ден.

Инвестирањето во еден од најсовремените ултразвучни апарати на Американскиот  производител “General electrics” – LOGIQ S8, надограден со “B-flow”  опцијата (наменети за прецизна проценка и на најмалите крвни садови) и “2SW Elastograhy” модулот (наменета за прецизна проценка на промените на црниот дроб при замастување и туморски промени)   укажува на сериозноста во пристапот и желбата да се доближиме до вистинската проценка и можност за понатамошен третман на болестите.

Во наредните текстови ќе имате можност да читате за голем број на васкуларни болести кои ги дијагностицираме и следиме со васкуларниот доплер и еластографијата на црниот дроб. Ќе пишувам за причините кои доведуваат до најчестите васкуларни заболувања, за длабоката венска тромбоза и проширени вени, кои се начините за превенција. Ќе зборуваме за замастениот црн дроб, како се дијагностицира и како да се превенира понатамошна евалуација кон цироза. Во фокус ќе бидат пациенти со така наречените мултиморбидни состојби т.е. онаму кога постојат повеќе заболувања во исто време: метаболни, васкуларни, срцеви болести,   малигни состојби и т.н.

Ќе пишувам за заболувањата на тироидна жлезда и промените кај неа. Имајќи предвид дека поседуваме сертификација за тенкоиглена биопсија на тироидна жлезда, ќе пишувам за промените кај жлездата, кои се состојбите кои бараат итност, за тоа кога да се иницира тенкоиглена биопсија и што понатаму.

Со еден збор ќе пишуваме и ќе ги подигаме нашите знаења во еден широк домен на интерната медицина. Секоја критика ќе биде прифатена добронамерна, секоја сугестија добредојдена.

Најнови совети

December 2020
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Закажи Термин

Интерна Медицина

Гинекологија

Педијатрија