Ехо на тироидна жлезда

Ехо на тироидна жлезда како дијагностичка метода се користи во дијагностицирање на промени на тироидното жлездено ткиво најчесто при постоење на струма (гуша) и постоење на чворови (јазли). Покрај овие состојби наоѓа примена и при утврдување на промени при зголемена функција на жлездата или нејзино намалување. Заедно со лабораториските иследувања на тироидните хормони овозможува комплетна дијагностика и терапија кај речиси сите патолошки состојби.
Препораки за испитување на тироидна жлезда се даваат кај  пациенти кои имаат забрзана работа на срцето, зголемено потење, зголемена килажа, кај лица каде во фамилијата имало или има болни со хипо или хипертиреоза.
Пациенти со дијагностицирани состојби (хипо или хипертиреоза) треба да имаат рутински контроли на секои 4, 6 или 12 месеци, зависно од состојбата.