Ехо на простата

Ехо на простата претставува дијагностичка метода која по својот карактер и улога е слична со онаа на дојките кај жена-има за цел рано откривање на карцином на простата. Покрај ова се користи и за следење на пациенти со хипертрофија (зголемена) простата, надополнето со одредување на туморски маркер за простата- PSA.

Се препорачува секој маж на возраст над 45 години да направи превентивен преглед кој опфаќа ехо на простата и одредување на PSA-маркер. Кај оние мажи каде ќе се дијагностицира постоење на БПХ (Бенигна Хипертрофија на Простата) се закажуваат контролни прегледи на секој 6 или 12 месеци, зависно од добиениот наод и клиничка слика.

Секој маж кој ќе почувствува болка при мокрење, отежнато мокрење, намалување на млазот на урината, отежнат почеток при мокрење, често мокрење, чувство на недоволно испразнување на урината или ќе има чести  уринарни инфекции, должен е да направи рутински преглед на простата.