Ехо на абдомен

Ехо на абдомен претставува основна дијагностичка метода во интерната пракса со која се дијагностицираат болести на цен дроб, жолчно ќесе, панкреас, бубрези, слезинка, простата, мочен меур. Од болести кои најчесто се среќаваат се замастување (стеатоза) на црн дроб, камења во жолчно ќесе и бубрези, камења во мочен меур, туморски промени во сите органи, бубрежни промени на паренхимот и сл. Надополнета со Колор-Долплерско иследување на крвните садови кои ги снабдуваат органите во стомакот, ехото на абдомен добива повеќе на значење како во дијагностиката така и во терапијата на одредени болести.