Доплер на каротидни артерии

Доплер на каротидни артерии претставува се повеќе применета дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв. Со помош на оваа метода се открива постоење на атеросклеротски плак (тромб) по должина на крвните садови како и промени во брзината на протокот на крвта.
Се препорачува за сите пациенти со прележан мозочен удар и прележан срцев удар, како и кај пацинети со висок крвен притисок и маснотии каде ќе овозможи рано откривање на тромб и негово отстранување со што би се намалил ризикот за настанување на мозочен удар.