Доплер на вени

Доплер на вени претставува една од најбитните неивазивни дијагностички методи која може да утврди постоење на венска тромбоза на нозете и проширување на вените на нозете. И покрај тоа што многу малку е употребувана, нејзините индикации се доста чести имајќи во предвид дека бројот на пациенти со венска инсуфициенција (проширени вени) е многу чест. Ако се земе предвид фактот дека поголемиот број на белодробни емболии кои не се дијагностицирани и третирани потекнуваат од тромби во нозете, јасна е улогата на оваа ритинска метода во рано откривање на венска тромбоза и нејзини правилно лекување.
Се препорачува за пациенти кои имаат видливо проширени вени на нозете, отекување на подколениците, бремени жени во втората половина од бременоста, лица кои се на хемотерапија и лица после оперативни зафати каде постои ризик од развивање на венска тромбоза.