Доплер на бубрези

Ехо на бубрези е преглед кој влегува во склоп на ехо прегледот на целиот абдомен. Рутинска дијагностичка метода за откривање на причината  во ургентни состојби, најчесто испровоцирани поради постоење на камења во  бубрезите и уринарните канали, откривање на причини за застојни промени, откривање на цисти, тумори во бубрегот и сл.
Доплерот на Бубрежните крвни садови е високоспецифична метода која се надоврзува на основниот ехо преглед на бубрезите. Има високо специфична дијагностичка вредност во одредување на протокот во бубрезите и артериите кои ги снабдуваат бубрезите со крв.
Се користи во диференцирање на причините за постоење на висок крвен притисок, посебно кај помлади лица, во пратење на крвотокот кај долгогодишни лица болни од дијабетес(шеќерна болест), пациенти со хронично заболени бубрези кои се спремаат за дијализа и пациенти со трансплантирани бубрези.